Јанушев: Огромен скандал во Законодавниот дом
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Талат Џафери, во име на Собранието на Република Македонија во текот на вчерашниот ден одбил да номинира набљудувачи кои ќе го следат референдумскиот процес.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за како што велат „огромен скандал, овој пат од Законодавниот дом“.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Талат Џафери, во име на Собранието на Република Македонија во текот на вчерашниот ден одбил да номинира набљудувачи кои ќе го следат референдумскиот процес.
„ВМРО-ДПМНЕ бара од ДИК во најкус можен рок – уште на денешната седница да изврши измена во Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори за референдумот. Бараме со измените да се овозможи набљудувачи да присуствуваат при целокупниот процес на референдумското изјаснување, вклучително и сумирањето и утврдувањето на резултатите. Очекуваме со измените да се даде можност и за пишување на соодветни приговори без ограничувања кои ги има во моментов согласно со член 4 став 3 од истиот Правилникот. ВМРО-ДПМНЕ инсистира овој предлог да биде усвоен уште на денешната седница на ДИК, со цел остварување на демократски и слободен процес на изјаснување на референдумот“, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.
Со ваквите чекори власта фрла огромна црна сенка врз декларативните заложби за фер и демократско изјаснување на граѓаните на претстојниот референдум, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
