Ахмети: Немаме друга иднина надвор од ЕУ

25.09.2018 13:15

Лидерот на партијата Али Ахмети порача дека на 30-ти септември треба граѓаните да гласат за договорот, а бојкотот е оружје на „лошите“ и не е демократска категорија.

Демократската унија за интеграција вчера на средба со жителите на општина Сарај. Лидерот на партијата Али Ахмети порача дека на 30-ти септември треба граѓаните да гласат за договорот, а бојкотот е оружје на „лошите“ и не е демократска категорија.

„Ние не можеме на овие простори да дозволиме да се игра нечие оро. Наша силна заложба е да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Немаме друга иднина надвор од ЕУ. Сакаме да бидеме дел од напредокот и развојот на земјава, дел од најголемите алијанси. Нашите граѓани позитивно да одговорат на референдумското прашање на 30-ти септември, и да гласаат за договорот, за НАТО и ЕУ, мирот, стабилноста, безбедноста, и за иднината, за владење на законите и правдата. Бојкотот е оружје на лошите, бојкотот не е категоририја на демократија што ние сме ја имплементирале“, нагласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.