Собрание на РМ

Џафери- Жидан: Членството во ЕУ и во НАТО отвора безброј можности

25.09.2018 14:33

Во прва посета на земјава пристигна и Дејан Жидан, претседател на словенечкиот Државен збор. Тој изјави дека Македонија е пред историски момент, а од нејзините граѓани ќе зависи каква иднина ќе одберат на 30- ти септември. Членството во ЕУ и во НАТО овозможува безброј можности за добар и брз развој на стопанството, и подобри животни услови и развој во секоја област во земјата, изјави Жидан...

Членството во ЕУ и НАТО овозможува безброј можности за добар и брз развој на стопанството, и подобри животни услови и развој во секоја област. Се надевам дека граѓаните ќе ја искористат историската можност и ќе одлучат зрело, храбро и одговорно за својата и за иднината на следните генерации, порача претседателот на Државниот збор на Словенија, Дејан Жидан, по средбата со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери. Според Жидан, решението што го нуди Преспанскиот договор го сочувува македонскиот идентитет и јазик.

ЕУ интеграциите остануваат да бидат стратегиски приоритет и на Собранието и на Владата- рече спикерот Џафери. Нагласи дека посетата на Жидан, е потврда на словенечката поддршка во пресрет на референдумот, но и воопошто на земјава за полноправно членство во НАТО и во ЕУ.

Словенија и Македонија се искрени пријатели- заклучок на двајцата соговорници. Џафери и Жидан согласни дека преку членството во Европската унија ќе се зајакнат пријателските и економските односи.

 

Миле Ристески