Потребни се силни реформи за спречување на корупцијата

25.09.2018 14:35

Академската фела вели дека граѓаните постојано укажуваат на коруптивни спреги меѓу извршната, судската и законодавната власт. Дури половина од анкетираните граѓани изјавиле дека дале поткуп, што според експертите бара силни реформи во оваа сфера...

Години наназад граѓаните го лоцираат генераторот на корупцијата во земјава во највисоките ешалони на власта. Корупцијата на судската во спрега со извршната и законодавната власт се системски чинители кои постојано ги подгреваат коруптивните дејствија. Ваквата корупција не може делумно да се решава туку коренито, вели уневерзитетскиот професор Цане Мојановски повикувајќи се на анализите од истражувањето спроведено од Факултетот за безбедност.

Дури 50 проценти од граѓаните рекле дека дале поткуп, таквата состојба не може да се санира со козметички решенија, сметаат експертите од оваа област. Потребни се силни реформи за спречување на системско- ендемската корупција, сметаат.

Истражувањето покажува дека и граѓаните се надеваат на намалување на корупцијата со влез на земјата во Европската унија, вели ресорната министерка, Рената Дескоска.

Но, реформите најпрвин ќе се прават овде, во земјата. За спречување на корупцијата во судството ќе бидат донесени закони со кои се предвидува одговорност за сите судии кои се огрешиле пред законите.

 

Фиљана Кока