Со поддршка од ЕУ

Подобрена ветеринарната и фитосанитарната контрола на „Блаце“

25.09.2018 14:39

На граничниот премин „Блаце“ ставени се во функција два објекта кои ќе им овозможат на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Државниот инспекторат за земјоделство полесна и поефикасна ветеринарна и фитосанитана контрола на сите пратки на храна од растително и животинско потекло...

На граничниот премин Блаце пуштени во употреба новите објекти за вршење ветеринарни и фитосанитарни контроли. Како што истакнаа надлежните, ова значи подобрување на контролата на квалитетот и на исправноста на увозната и транзитната стока од растително и животинско потекло која поминува на царинскиот терминал на Македонско- косовската граница.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, истакна дека досега на уште четири македонски гранични премини и со Србија и Грција, за ваква намена биле инвестирани средства од европските фондови.

Премирот Заев посочи дека поддршката што ни ја дава ЕУ е значајна во постигнување на високите норми при надзор и проверка на производите на царинските контроли.

Двата објекта се изградени со финансиска поддршка на Европската унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош, ИПА 2 во вкупна вредност од 790.000 евра.

 

Игор Панов