Шведскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Ловен

25.09.2018 15:22

Претседателот на Собранието, Андреас Норлен, ќе бара од лидерите на другите партии да се обидат да формираат влада.

Шведскиот Парламент од 349 пратеници, со 204 гласа „за“ му изгласа недоверба на Стефан Ловен. Претседателот на Собранието, Андреас Норлен, ќе бара од лидерите на другите партии да се обидат да формираат влада.

На изборите на 9-ти септември, централно- левичарскиот и централно- десничарскиот блок постигнаа приближен резултат, односно никој нема доволно мнозинство за да формира Влада.