Тевдовски: Со помош на ЕУ заживува локалната економија

25.09.2018 15:42

Со помош на Европската унија ќе се финансираат локални проекти, а со тоа ќе заживеат и локалните економии, тврди министерот за финансии, драган Тевдовски. Од ВМРО-ДПМНЕ со прашање до министерот- колку согласности за вработување во администрацијата се издадени за 2018-та година...

Со пари на Европската унија ќе се поддржуваат домашни проекти, пред сѐ во инфраструктурата, а паралелно ќе се развиваат и локалните економии- смета министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според него, поддршката од Унијата е значајна, затоа што ќе се реализира во проекти што се од интерес за граѓаните. Тевдовски вели- Владата и во иднина ќе финансира капитални општински проекти, градинки и училишта.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека министерството со кое раководи Тевдовски функционира како благајна за финансирање на потребите на премиерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа министерот да им достави копија од секоја издадена согласност за вработување во тековнава година.

 

Анита Димитријевска