Гори приемното одделение во затворот Идризово
25.09.2018 15:56
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.

Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, пренесува МИА.
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.
Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории. Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.
