ДИК: Набљудувачите да ги почитуват препораките за следење на референдумот
Државната изборна комисија со апел до домашните и странските набљудувачи да ги почитуват препораките за следење на референдумот. Велат дека треба да ги пријавуваат сите неправилности и нерегуларности кои ќе ги забележат на терен...

Голем интерес од странски и домашни набљудувачи за претстојниот референдум. До ДИК барање за акредитација доставиле уште 39 организации. МОСТ ќе го мониторира референдумското изјаснување со 1.882 набљудувачи, невладината Цивил со 307, Здружението за граѓански политики ќе има 7.000, исто толку ќе има и Македонската платформа против сиромаштијата. Од ДИК соопштија дека расте интересот и кај меѓународните организации.
Откако Сообранието соопшти дека нема да акредитира свои овластени органи за референдумот, од ДИК апел до набљудувачите, да го почитуваат кодексот за набљудување на референдумот и да се држат до законите.
Покрај набљудувачите голем интерес за референдумот и кај странските новинари. Досега се акредитирани 89.
Дополнително од ДИК информираа дека заврши рокот за пријавување на болните и изнемоштените лица. Вкупно за гласање се пријавиле 2.041 лице, бројката е далеку помала од 2017-та кога за гласање биле пријавени 5.485 граѓани.
Викторија Милевска
