Ставрески: Разговорите со бизнисмените ќе вродат со плод
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески позитивно ја оценува посетата на владиниот тим во Дизелдорф и смета дека во скоро време, разговорите со бизнисмените ќе вродат со плод...

Германија е локомотива на развојот на европската економија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Позитивно ја оценува посетата на владиниот тим во Дизелдорф и смета дека во скоро време, разговорите со бизнисмените ќе вродат со плод.
„Германија е локомотивата на развојот на европската економија и затоа сме тука повторно со владина делегација на чело со премиерот за да ги посетиме Штудгард, Диселдорф и сите околно места каде што е центарот на автомобилската индустрија, онаа во којашто и досега имавме најголем успех во привлекувањето на странските инвестиции и која што има најдобар потенцијал во иднина за да се префрлат инвестиции и да се отворат работни места во Република Македонија“, изјави Ставрески за МРТ.
Поволностите и можностите што ги нуди Македонија денеска им беа претставени на бизнисмените од автомобилската индустрија.
