Економија

Петер: Губење милијарди евра помош и можна дестабилизација на денарот ако не бидете дел од ЕУ

25.09.2018 16:35

Доколку Македонија каже „НЕ“ на референдумот ќе го загуби кредибилитетот, ќе се намалат странските директни инвестиции, ќе има можност за дестабилизација на денарот- вели претседателот на Советот на странски инвцеститори Штефан Петер. Владата негира поместувања во курсот на домашната валута...

Ако земјата ја изгуби шансата за влез во Европската унија, животот ќе продолжи, нема да биде катастрофа, но странските инвеститори ќе размислат дали ќе дојдат во Македонија, државата ќе изгуби милијарди евра финансиска поддршка, ќе го изгуби кредибилитетот, најпаметните ќе заминат, ќе дојде до изолација на земјата. Со овој став првиот човек на Советот на странски инвеститори порача- сакам уште многу години да бидат во државава, да ја видат Македонија во Европската унија, таму има подобар живот, подобри деловни услови за бизнисот и вработените. Ги повика граѓаните да излезат на гласање, да се залагаат за демократијата.

„Прво, важно е да излезете на гласање и активно да учествувате во демократијата. Потоа немојте да бидете себични и да разлислувате само за себе, туку размислете и за последиците од вашиот глас за иднината. За да функционира демократијата, мора да бидеме нација која учествува, а не само да набљудуваме. Оној кој не гласал, го губи правото да се жали“, вели Штефан Петер, претседател на Советот за странски инвеститори.

Негативниот исход од референдумот според Штефан Петер не занчи дека од понеделник странските инвеститори веднаш ќе ја намалат инвестициската активност, но очекувам, вели, негативни перцепции кога новите ќе носат одлука. НАТО и ЕУ ги отвораат вратите, ако се испишти шансата, бизнисот ќе ја изгуби конкурентноста, моќна е дестабилизација на денарот, притисок врз банкарскиот сектор.

„Една валута која ја користат два милиони жители не може да преживее, потребни се интервенции на Народната банка за да се стабилизира курсот. Курсот функционира слично како акциите на берза, нивната вредност не зависи само од готовината, туку од довербата и предвидливоста“, вели Петер.

Премиерот дециден- денарот е стабилен, неуспешен референдум не значи девалвација. Финансиската моќ на банките е добра, буџетот е стабилен, економијата расте, растат и странските инвестиции, тврди Заев со став- со успешен референдум сето ова ќе биде поимпозантно и подобро.

 

Сузана Фиданска- Стоевска