НАТО

Столтенберг: Сакам конструктивен однос со Русија

26.09.2018 11:04

Тврди дека дијалогот со Москва е потребен со цел да се намалат тензиите и да се избегнат лоши проценки.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг сака кoнструктивен однос со Русија, иако Алијансата презема мерки за да возврати на, како што тврди, зголемена воена активност на Москва.

Тврди дека дијалогот со Москва е потребен со цел да се намалат тензиите и да се избегнат лоши проценки.

Коментирајќи ја неодамнешната изјава на украинскиот претседател Порошенко за тоа дека украинската војска планира да ги исполни критериумите за членство во НАТО до 2020 година, Столтенберг навести дека НАТО нема да бара дозвола од Русија за да Киев се приклучи на сојузот.