Рибарство

Концесии за рекреативен риболов

26.09.2018 11:13

Распишан е јавен повик за концесионери за рекреативен риболов за 19 риболовни и рекреативни зони. Концесијата трае шест години, а идниот корисник ќе биде избран со електронско наддавање...

Концесиите за организирање на рекреативен риболов на 19 зони што опфаќата делови од Реките Вардар и Црна и12 акумулациите се доделуваат за период од шест години.

Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои имаат право да конкурират за повеќе места.

Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи соодветен број лица за заштита на рибите или најмалку 50 членови доколку се работи за риболовно здружение.

Критериум според кој ќе се врши изборот е највисокиот понуден надоместок на електронското наддавање.

Надоместокот за концесија за рекреативен риболов е најмалку 10 проценти од вредноста на издадените дозволи на годишно ниво.

Краен рок за поднесување на понудите едо 15 октомври 2018 година.

Методија Трајков