Металург поразен од Нексе
27-23 победа на Нексе во Осјек во натпревар што Металург го контролираше во првото полувреме кое го заврши со водство со 12-10...

Не е ново дека Металург тешко игра против Нексе, но е нов поразот со кој македонскиот вицешампион го искомпликува пласманот на завршниот турнир на најдобрите 4 екипи во СЕХА регионалната лига. 27-23 победа на Нексе во Осјек во натпревар што Металург го контролираше во првото полувреме кое го заврши со водство со 12-10. Нексе се врати, израмни на 15-15 во 38-та минута и со серија 7-1 комплетно го сврте натпреварот во своја полза. Недоволни се покажаа 13-те интервенции на Мијатовиќ, една повеќе од двата домашни голмани , но потфрли нападот па Мандиќ со 4 и Георгиевски и Циндриќ со по 3 гола беа најефикасни кај Металург. Етер со 6 и Ивич со 7 погодоци го предводеа Нексе до победата.
Следен предизвик на Металург на мини турнејата е екипата на Партизан со која в Сабота ќе игра во Белград, а истиот ден Вардар му гостува на Нексе.
