ОДВ Електрик ја проширува инвестицијата во Македонија
26.09.2018 11:17
Досега има инвестирано 4,5 милиони евра и вработува 310 лица. Во капацитетот во ТИРЗ Охрид- Струга произведува електрични инсталации за познати автомобилски брендови.

Германската ОДВ Електрик ја проширува инвестицијата во Македонија со нови пет милиони евра. Менаџментот најави дека во втората фаза двојно ќе го зголеми производствениот капацитет.
Досега има инвестирано 4,5 милиони евра и вработува 310 лица. Во капацитетот во ТИРЗ Охрид- Струга произведува електрични инсталации за познати автомобилски брендови.
Втората фаза на реализација ќе ја објават денеска во Владата вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски.
