БРИСЕЛ
Пучдемон: Туск да биде посредник во каталонската криза
26.09.2018 12:01
Пучдемон кој живее во Белгија, го предлага претседателот на Европскиот совет Доналд Туск да посредува во кризата меѓу шпанските власти и приврзаниците за каталонска независност.

Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон кој живее во Белгија, го предлага претседателот на Европскиот совет Доналд Туск да посредува во кризата меѓу шпанските власти и приврзаниците за каталонска независност.
Во книгата „Каталонската криза, можност за Европа“, Пучдемон наведува дека Европа се воздржала од каков било официјален коментар, и тоа според него, „остава можност“ за посредничка улога.
