Брисел

Истрага за евентуална злоупотреба на европските фондови во Грција

26.09.2018 12:19

Грчките медиуми јавуваат дека истрагата се однесува на доставување храна за бегалците во Грција и почнала по информација која на Олаф во 2017 година и ја открил претставник на генералната дирекција за миграција и внатрешни работи на Европската комисија.

Европската канцеларија за борба против измами почна истрага во Грција за евентуална злоупотреба на средства од фондовите на Европската унија наменети за бегалците.

Грчките медиуми јавуваат дека истрагата се однесува на доставување храна за бегалците во Грција и почнала по информација која на ОЛАФ во 2017 година и ја открил претставник на генералната дирекција за миграција и внатрешни работи на Европската комисија.

Претставници на европската служба објаснија дека наводната злоупотреба во моментот се истражува, што не значи дека има вмешани лица кои направиле измами.