Почна гласањето за референдумот во ДИК
26.09.2018 12:41
На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија, ќе се изјаснат гласаат 104 членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско- конзуларните претставништва надвор од земјава.

Почна гласањето за референдумот. На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија, ќе се изјаснат гласаат 104 членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско- конзуларните претставништва надвор од земјава.
Ќе се гласа и во странство, и тоа во 33 дипломатски канцларии на Република Македонија, каде што ќе гласаат вкупно 2.694 македонски државјани.
