Кошарка
Кога не оди, не оди
27.02.2014 22:26
Кошаркарите на Куманово продолжуваат со серијата лоши игри и вечерва се поразени од Теодо со 108-92...

Кога пред своите навивачи ќе се примат 108 коша тогаш е повеќе од јасно зошто екипата на Куманово беше убедливо совладана во 13-тото коло од БИБЛ регионалното натптеварување. Уште повеќе ако се знае дека кумановци одиграа квалитетно само во третата четвртина што ја добија со 30-19 и во еден момент намалија на само 1 разлика, но следуваа катастрофални завршни 10 минути по што поразот беше неминовен.
Залудни беа 32-та поена на Мандич кога одбраната не функционира,а тоа најдобро го искористија Вучуровиќ и Кораќ кои забележаа по 25 поени за екипата на Теодо која пред два дена славеше и на гостувањето против Кожув во Гевгелија.
