Одбележан Европскиот ден на јазиците
Јазичен пасош добија учениците на битолското училиште „Гоце Делчев“ што учествуваа на работилницата, организирана по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците од страна на здружението за Македонско- германско пријателство и НУУБ „Свети Климент Охридски“...

Шест наставнички од различни основни училишта на три штандови на едноставен едукативен начин на учениците им ги објаснуваа основите на англискиот, германскиот и францускиот јазик. Ако познавањето само на еден странски јазик отвара многу можности, тогаш нашето присуство овде на Денот на европските јазици многу значи, вели петоодделенецот Матеј Стојанов.
„Јас уживам во тоа, многу мило ми е кога учам јазици и знам дека кога ќе одам странство полесно ќе се разбирам со луѓето“, вели петооделенецот Матеј Стојанов.
„Со колешките работиме во парови и одбравме такви активности кои не се многу тешки, туку преку забава децата да осознаат за основите на јазиците“, вели наставничката по француски јазик, Елизабета Дамева.
Од страна на Советот на Европа и ЕУ овој ден започна да се одбележува од 2001-ва година вклучувајќи милиони луѓе од 47 земји- учеснички. И годинава целта на активностите е да се прослави во име на јазичните разлики и поттикне изучувањето на јазиците.
„На крајот на активностите децата ќе добијат еден јазичен пасош кој ќе им биде спомен од Денот на европските јазици“, вели првиот човек на Здружението за македонско-германско пријателство, Валентина Илиева.
„За нашата установа, занчи овој настан е ден кој го слават многу земји или луѓе кој зборуваат околу 6.000 јазици“, вели директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски.
Кога е во прашање космополитска Битола тука и некогаш и денес се негуваат многу јазици. Се зборува, но и чита, а дека е така потврда и преку изложбата на библиотеката на книги на повеќе јазици од нејзиниот фонд.
Стевче Митревски
Јазичен пасош добија учениците на битолското училиште „Гоце Делчев“ што учествуваа на работилницата, организирана по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците од страна на здружението за Македонско- германско пријателство и НУУБ „Свети Климент Охридски“...
