Потребно е ревидирање на Законот за заштита на децата и Законот за основно образование
Законите за заштита на децата и за основно образование сѐ уште дозволувааат издвојување и дискриминирање на учениците со попреченост. Комитетот за правата на овие лица бара нивно ревидирање. Од Владата најавија активности кои во наредниот период треба да донесат позитивна промена во инклузивното образование...

Потребно е ревидирање на Законот за заштита на децата и Законот за основно образование. Тие сѐ уште ги издвојуваат учениците со попреченост, ова се дел од забелешките кои ги нотира кометитетот за правата на лицата со попреченост во делот на образованието.
Извештајот покажува, дека земјата нема сеопфатна стратегија за инклузивен систем со фиксни рокови и резултати. Како што рекоа од Владата, извештајот нотирал и одреден напредок. Според нив системот е добар, но далеку е од совршен. Најавија активности кои во наредниот период треба да донесат позитивна промена.
Истражувањето на УНИЦЕФ од 2016-та година открива дека постои стигма, мала поддршка и ограничено разбирање за децата со попреченост. Само четири проценти се согласиле дека треба да одат во редовни училишта со своите врсници. Но, оттогаш постигнат е голем напредок, велат од УНИЦЕФ.
Заклучоците од дебатата ќе бидат насока за тоа како ќе се одвиваат реформите во инклузивното образование.
Викторија Милевска
