Кирацовски: Секој глас „за“ носи подобра иднина

26.09.2018 15:36

В недела се соочуваме со историска одлука и сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина, исправени пред предизвикот и изборот, дали да одлучиме за изолацијата од минатото или за напредокот од иднината, порача генералниот секретар на СДСМ...

Коалицијата за европска Македонија на средба со жителите од Пелагонискиот регион. В недела се соочуваме со историска одлука и сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина, исправени пред предизвикот и изборот, дали да одлучиме за изолацијата од минатото или за напредокот од иднината, порача Кирацовски. Секој глас „за“ носи подобра иднина на нашите деца, вели генералниот секретар на СДСМ.

„Што и да направите во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата. Што и да направиме во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца врз идните генерации. Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас. Недела не е ден за седење дома, недела е ден во кој се носи историска одлука. Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно и достоинствено да гласаме ЗА интеграција и напредок, да гласаме ЗА подобра иднина за нас и за идните генерациите“, изјави Кирацовски.