ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп за референдумот
Од партијата го повторија ставот, бидејќи станува збор за национално прашање, граѓаните сами да одлучат на 30-ти септември.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди оти постоеле сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп за претстојниот референдум. Од партијата го повторија ставот, бидејќи станува збор за национално прашање, граѓаните сами да одлучат на 30-ти септември.
„Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името“, изјави портпаролот Димче Арсовски
Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци, велат од опозициската партија
