Ердоган: Сакаме нова страница во односите со Германија
Ердоган рече дека двете земји имаат одговорност разумно да ги унапредат односите врз основа на заедничите интереси, нагласувајќи дека Анкара и Берлин треба да „го притиснат копчето за рестартирање на нивните односи“.

Турција сака да отвори нова страница во односите со Германија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пресрет на неговата посета на Берлин.
Ердоган рече дека двете земји имаат одговорност разумно да ги унапредат односите врз основа на заедничите интереси, нагласувајќи дека Анкара и Берлин треба да „го притиснат копчето за рестартирање на нивните односи“.
За време на престојот, Еродган ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, со канцеларката Ангела Меркел, со раководителите на неколку големи германски компании, како и со претставници на турската заедница во Германија.
