по повод „Прочка 2014“

Изложба во Центарот за култура „Марко Цепенков“

28.02.2014 09:32

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“....

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска напладне ќе биде отворена изложба на цртежи и маски што ги креирале учениците од прилепските основни и средни училишта.

Изложбата е традиционална и е во рамки на манифестациите за меѓународниот карневал „Прочка 2014“ .

Создадени се околу илјада цртежи и карневалски маски. Стручно жири ќе ги прогласи најдобрите и ќе додели прва, втора и трета награда.