САД испратија бомбардери во Јужното Кинеско Море
Ваквиот потег на Вашингтон, аналитичарите го оценуваат како порака упатена кон Кина, која има територијални спорови во водите на ова море со Филипините, Виетнам, Малезија и Тајван.

Американската армија испрати бомбардери од типот Б-52 во Јужното Кинеско Море, со цел подобрување на соработката со сојузниците и партнерите во регионот.
Ваквиот потег на Вашингтон, аналитичарите го оценуваат како порака упатена кон Кина, која има територијални спорови во водите на ова море со Филипините, Виетнам, Малезија и Тајван.
Кина неодамна го одби американското барање нивни воен брод да се вкотви во Хонг Конг, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу двете земји.
Односите се влошени поради трговската војна која ја иницираше претседателот на САД, Доналд Трамп со воведувањето на царини за увоз на кинески производи.
