Аваков: состојбата на аеродромот во Севастопол – оружена окупација
Руски војници со оклопна заштита и возила го зазеле воениот аеродром во Севастопол, а вооружена група од околу 50 лица којашто го зазела аеродромот во регионалниот центар Крим, Симферопол патролира и го контролира сообраќајот на аеродромот.

„Овде сме за да обезбедиме ред. Не сакаме радикали да доаѓаат од Киев со авиони. Не сакаме луѓето од Украина да доаѓаат овде и да прават проблеми“,- народна милиција
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков ја осуди окупацијата на аеродромот и ја нарече оружена окупација. Рускиот претседател Путин и наложи на својата влада да ги продолжи разговорите со Украина за економските и за трговските односи и да се консултира со странските партнери како ММФ и Г8. Соборениот претседател Јанукович денеска треба да одржи прес конференција, додека расте загриженоста од избивање регионални судири на полуостровот Крим.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун споредувајќи ја граѓанската војна и геноцидот во Руанда рече дека тие два случаи се неуспех од епски размери за меѓународната заедница во обидот да го запре крвопролевањето. Бројот на загинати во моментот се проценува на над 140 000 лица и нема никакви знаци дека убивањето запира. Во својот говор, генералниот секретар се осврна и на растечката омраза кон имигрантите, муслиманите и ромските заедници во Европа.
Невреме проследено со снег, ветер и слаба видливост предизвика верижен судир во којшто учествувале ококлу 100 автомобили на автопат северно од Торонто. Нема информации за потешко повредени лица. Неколку патишта во југозападните делови на Онтарио се затворени за сообраќај, а властите препорачуваат внимателно движење.
Марина Автовска
