Словачка

Уапсени осомничени за убиството на Куцијак

27.09.2018 12:21

Куцијак кој беше застрелан на 21 февруари во селото Велка Мача, западна Словачка откри корупциски шеми во владејачките структури на земјата и објави дека двајца високи функционери од владини служби контактирале со италијанската мафијашка група „Ндрангета“.

По седуммесечна истрага, полицијата во Словачка приведе осуммина осомничени за убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата Свршеничка Мартина Кушнирова.

Според неофицијални информации, меѓу уапсените најверојатно е и убиецот како и луѓето што му помагале да го изврши делото. Куцијак кој беше застрелан на 21 февруари во селото Велка Мача, западна Словачка откри корупциски шеми во владејачките структури на земјата и објави дека двајца високи функционери од владини служби контактирале со италијанската мафијашка група „Ндрангета“.

Тоа предизвика општествено - политичка криза во земјата, по што премиерот Роберт Фицо поднесе оставка и на негово место дојде Петер Пелегрини.

Смртта на словачкиот новинар беше петтото убиство на новинар во земја- членка на ЕУ во последните 10 години.