Амбасадата на САД препорача да се избегнуваат места на кои се можни протести
На персоналот на американската влада му се советува да ги избегнува местата каде што се можни демонстрации, особено на 27-ми септември пред Собранието и на 30-ти по 19 часот пред Собранието и на централниот плоштад во Скопје...

Амбасадата на САД во Република Македонија на својата интернет страница објави соопштение во кое им порачува на американските државјани да ги избегнуваат местата каде што се можни собири на граѓани во пресрет на неделниот референдум, особено пред Собранието и плоштадот „Македонија“.
На персоналот на американската влада му се советува да ги избегнува местата каде што се можни демонстрации, особено на 27-ми септември пред Собранието и на 30-ти по 19 часот пред Собранието и на централниот плоштад во Скопје, се наведува во соопштението од Американската амбасада.
