„Саген“ ја почна инвестицијата вредна 6,5 милиони евра
Албанската компанија „Саген“ ја почна инвестицијата вредна 6,5 милиони евра во слободната економска зона во Бунарџик. Според бизнис планот, таа треба да достигне 20 милиони евра, а бројот на вработени од почетните 60 да порасне пет пати. Идната фабрика ќе произведува стерилни мадицински производи...

Почна изградбата на првата фармацевтска компанија во индустрискта зона во Бунарџик. Албанската „Саген“ за почеток ќе инвестира 6,5 милиони евра и ќе вработи околу 60 луѓе. Се планира инвестицијата да достигне 20 милиони евра, а бројот на вработени да се зголеми за пет пати.
Поволната бизнис- клима е поттик за странските компании да инвестираат во земјава, вели првиот човек на индистриските зони, Александар Младеновски.
Позитивните трендови веќе се чувствуваат во економијата, дециден е вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Според него, индустријализацијата на земјава ќе донесе раст на долг рок.
Во фармацевтската фабрика на „Саген“ ќе се произведуваат стерилни медицински производи. Во специјализираната лабораторија ќе се работи според најсовремените стандарди.
Дијана Ценевска
