Спасовски: Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран

27.09.2018 14:34

Ги повикувам граѓаните доколку било кој врши притисок врз нив или ги заплашува во врска со гласањето во недела, тоа да го пријават во најблиската полициска станица, рече министерот за внатрешни...

Полицијата е подготвена за референдумот во недела. Секаков вид на притисок, закана или уцена при гласањето ќе биде спречен и санкциониран, вели министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.

Ги повикувам граѓаните доколку било кој врши притисок врз нив или ги заплашува во врска со гласањето во недела, тоа да го пријават во најблиската полициска станица. Тајноста на гласот е гарантирана и ќе биде санкциониран било каков обид за загрозување на слободното изразување на волјата на граѓаните, рече Спасовски по денешната посета на СВР Куманово.