Бошњаковски: Владата ќе следи и ќе реагира на лажните вести на социјалните мрежи за молкот
Таквите информации ќе ги демантираат на своите официјалните владини комуникациски канали. Целта е, вели Бошњаковски, да спречи манипулатција врз граѓаните.

За време на молкот, Владата ќе ги следи информациите што ќе се пласираат на социјалните мрежи. Доколку се утврдат лажни вести и пропаганди ќе реагираат, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Таквите информации ќе ги демантираат на своите официјалните владини комуникациски канали. Целта е, вели Бошњаковски, да спречи манипулатција врз граѓаните.
Согласно препораките на Советот на Европа, ОБСЕ и други меѓународни организации со цел обезбедување заштита на слободата на изразувањето и за сузбивање на лажните вести и пропаганда сакаме да укажеме дека Владата е целосно свесна дека просторот на социјалните медиуми е изложен на креирање на лажни вести и дезинформации со цел обид за манипулација на граѓаните на РМ. Имајќи ја предвид штетата врз јавниот интерес која може да настане од лажна пропаганда во текот на референдумскиот молк, Владата најавува дека нема да дозволи граѓаните да бидат изложени на лажни вести. Ќе ги проверува фактите и ќе ги презентираме како Влада пред граѓаните на РМ, рече Бошњаковски.
