Пратеници од првиот парламентарен состав повикаа да се гласа „за“ на референдумот
„Вистински чекор во вистинско време ќе биде гласањето на референдумот“- став на триесетина пратеници од првиот парламентарен состав. Според нив, земјава нема да добие подобар договор и друга алтернатива освен ЕУ и НАТО..

Пратеници од првиот состав на Собранието ги повикаа граѓаните во недела да излезат и да гласаат „за“ на референдумот. Според нив, тоа ќе биде вистински чекор во вистинско време. Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, истакна дека постои формално единство меѓу Македонците и Албанците и помалите етнички заедници, за нашите аспирации за влез во ЕУ и НАТО.
Дел од поранешните пратеници сметаат дека земјава нема да добие подобар договор, во Грција нема да има премиер како Ципрас. Ваков договор Македонија не може да добие и нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, велат тие.
Поранешниот пратеник од редовите на ПДП, Мухамед Халили, рече дека неговата партија во 1991 година гласала за декларацијата за независност.
Дел од народните избраници од првиот состав се едногласни дека зачленувањето во ЕУ и НАТО е единствената и вистинската опција. Велат дека мора да се искористи историската можност, да се зацврсти државноста со интеграција во евроатлантските структури.
Игор Панов
