Инфраструктура

„Лимак“ ќе гради голем станбено-деловен комплекс вреден 250 милиони евра

27.09.2018 15:11

Стартуваше реализацијата на инвестицијата на „Лимак“ вредна 250 милиони евра. Предвидува изградба на подземна сообраќајница, згради за домување, трговски центар. Треба да бидат готови за околу 40 месеци...

Турскиот гигант „Лимак“ ќе гради голем станбено-деловен комплекс вреден 250 милиони евра. Опфаќа - згради за домување, трговски центар, хотел кои треба да бидат готови за околу 40 месеци. Ќе се изградат на потегот кај старата железничка станица.

Комплексот „Дајмонд“ ќе се протега на површина од 325 илјади квадратни метри. Опфаќа подземен булевар долг 800 метри, а ќе го инкорпорира и Музејот на град Скопје.

Турција е еден од десетте најголеми трговски партнери на Македонија со годишната трговска размена од околу 456 милиони долари.

 

Анита Димитријевска