„Еден месец на село“ ќе ја отвори новата сезона во МНТ
„Еден месец на село“ од Тургењев во сабота со премиерна изведба во МНТ. Режисерот Паоло Маџели по 30 години повторно во Скопје. Вели дека е среќен што имал можност да работи со тимот од Македонскиот народен театар...

„Еден месец на село“ е едно од најдобрите дела во литературниот опус на рускот писател Иван Сергеевич Тургењев. В сабота премиерна изведба во МНТ.
Во оваа комедија на сцената поминуваат луѓе кои се обидуваат да размислуваат, мечтаат и да живеат. Се обидуваат да се борат и да се надеваат, а истовремено се и тажни и смешни.
Режисерот Паоло Маџели повторно се враќа во Скопје по 30 години. Вели дека е среќен што имал можност да работи со тимот од МНТ. За актерите, делото на Тургењев бил вистински предизвик. За дел од нив и ново искуство.
Дел од актерската екипа се Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Никола Ристановски. Втората претстава е закажана за 2-ри октомври.
Викторија Милевска
