Евроатланските интеграции ќе донесат побрз развој на економијата
Евроатланските интеграции ќе придонесат за побрз развој на македонската економија. Има интерес за странски инвестиции, но Владата со низа мерки им овозможи и на домашните инвеститори да вложуваат и да ги унапредат нивните бизниси. Ова на средбата со охридската бизнис- заедница го рече министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Придобивките од влезот во НАТО и ЕУ ќе бидат големи бидејќи ќе добиеме уште поголема политичка и економска стабилност, што ќе овозможи подинамичен раст на стопанството. Ова на средбата со охридската бизнис заедница го рече министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска.
„Впрочем ова можевме да го видиме во нашето блиско и подалечно опкружување, како што се земјите Хрватска, Романија, Бугарија, Црна Гора, каде што после нивните евроатлански интеграции бруто домашниот производ, економскиот раст, вработеноста и сите економски параметри се двојно или тројно зголемени“, изјави министерката Апостолоска.
На средбата беа презентирани можностите за финансиска подршка од Владата за домашните инвеститори.
„Изедначувањето на домашните со странските инвеститори, условите и поволностите што им стојат на располагање, како и мерките од трите столба на Планот за економски развој од една страна ќе го подобрат домашниот бизнис, а од друга ќе придонесат за нивна поголема конкурентност“, рече охридскиот градоначалник, Јован Стојаноски.
Министерката Апостолска рече дека како резултат на приоритетните мерки за подршка на економијата растот на домашниот бруто производ во првата половина од годината е 3,1 процент, покачени се просечните плати за 6 проценти, зголемен е извозот, а раст бележи и индустриското производство.
Сашо Нелоски
