Заврши јавната кампања, почна молкот пред референдумот

28.09.2018 10:23

Прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“, а право на глас имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30-ти септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот...

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48- часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела, на 30-ти септември.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“.

Право на глас на изјаснувањето в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30-ти септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Ден претходно, в сабота, ќе гласаат болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците, како и државјаните на Република Македонија во странство.

Референдумот ќе го надгледуваат околу 12 илјади домашни и речиси 500 странски набљудувачи.