Родот на тутунот потфрли
Неповолна година за тутунарите. Покрај намалениот род за скоро една третина не се очекува ни добар квалитет. Врнежите не им дозволуваат да ги наберат последните листови кои се најквалитетни и најбарани во тутунската индустрија, ниту пак добро да го исушат тутунот.

Лоша година за тутунопроизводителите. Иако се родот се проценуваше како ланскиот од скоро 26.000, тешко дека ќе можат да се наберат и до 20.000 тони тутун.
Тутунарите очекуваат и послаб квалитет поради честите врнежи летово и појавата на болести. Зголемувањето на температурата која што се најавува според експертите не може, значително да ја подобри ситуацијата, зашто денот е веќе намален, а ќе има и роса што ја отежнува бербата на повисоките класи од родот.
Според Сојузот на тутунските здруженија во Македонија, поради многу дождови и болести, производството годинава ќе се намали за 30 – 40 отсто со послаб квалитет што ќе доведе и до проблеми со откупот.
Лани цената достигна 217 денари за килограм, а за годинава велат е рано да се каже се до почетокот на откупот во ноември.
Методија Трајков
