Хан: Широка поддршка за Преспанскиот договор

01.10.2018 10:56

Еврокомесарот оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.

Од Брисел вчера се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Тој оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.

„Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот договор и евроатлантската иднина на земјата“, напиша Хан на Твитер.