Грција останува посветена на Договорот од Преспа
01.10.2018 10:59
Според официјална Атина, резултатите од референдумот се контрадикторни, бидејќи голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам.

Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија.
Според официјална Атина, резултатите од референдумот се контрадикторни, бидејќи голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам.
Грција, како што се посочува, го почитува изборот на граѓаните од соседната земја.
