Војводата од Кент во посета на Република Македонија

01.10.2018 11:02

Во Скопје, неговото кралско височество ќе присуствува на церемонија на британските воени гробишта. На службата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, високи воени претставници, како и амбасадори на земјите што учествувале во Првата Светска војна.

Неговото височество, Војводата од Кент, денеска ќе ја посети Република Македонија по повод активностите на Обединетото Кралство за одбележување на стогодишнината од Првата Светска војна.

Во Скопје, неговото кралско височество ќе присуствува на церемонија на британските воени гробишта. На службата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, високи воени претставници, како и амбасадори на земјите што учествувале во Првата Светска војна.

Како што соопшти Британската амбасада, војводата од Кент денеска во близина на Раброво ќе положи цвеќе на споменикот во чест на 10-та Ирска дивизија.