Анѓушев во Белград на седмиот Самит на 100 бизнис лидери во ЈИЕ

01.10.2018 11:07

На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми: мобилноста во работата, енергетската одрживост, брендирањето на регионот и друго.

Во Белград почнува седмиот дводневен Самит на 100 бизнис лидери. На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми: мобилноста во работата, енергетската одрживост, брендирањето на регионот и друго.

На присутните преку панели ќе им се обратат македонскиот заменик премиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.