Здравство
Нов рентген кабинет за Поликлиниката Драчево
28.02.2014 11:17
Во новиот рентген кабинет во Поликлината Драчево, кој официјално стартува од денеска, ќе се врши РТГ снимање на сите органи и скелет,како и ЕХО дијагностика на стомачните органи.

Кабинетот ќе работи секој ден во прва смена, а услугите ќе се закажуваат преку ,,Мој термин“. Кабинетот е опремен со комплетно сервисиран постоечки апарат од друга служба во институцијата. Поликлиниката во Драчево дава услуги за околу 60 илјади граѓани, во претходните две години од Министерството за здравство доби нов софистициран биохемиски анализатор, здравствени услуги за уво нос и грло со доктори од Клиниката за ОРЛ, како и истурен шалтер на ФЗОМ за основните потреби на жителите, докторите и правните субјекти во Драчево.
Соња Стојановска
