Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери од ЈИЕ
Во Белград почна дводневен Самит на 100 бизнис лидери. На самитот учествуваат експерти и министри од регионот, а македонската делегација ја предводи вицепремиерот за економски прашања Анѓушев...

Мобилност на работната сила, енергетската одржливост, брендирање на регионот, унапредување на економската соработка и регионалната конкурентност- во фокусот на дводневниот Самит 100 што се одржува во Белград.
На регионалниот состанок, над 200 бизнис лидери и политички претставници од земјите во Југоисточна Европа. Македонскиот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев ќе биде дел од панелот- Регионалната соработка, предизвици и перспективи.
На учесниците ќе им се обратат и српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Саровиќ.
Според организаторите, целта на собирoт е да се отворат можности за зајакнување на националните економии, а со тоа и зголемување на квалитетот на животот во регионот.
Главна тема на седмиот Самит на 100-те бизнис лидери од Југоисточна Европа е дигиталната трансформација- како со искористување на потенцијалот на четвртата индустриска револуција да се направи квантен скок кон развиен и глобално конкурентен регион.
Сунчица Николоска, специјален известувач од Белград за МРТ
