Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори
За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот, кои произлегуват од Договорот со Грција. Разговорите почнуваат од утре, најави премиерот Заев. ВМРО-ДПМНЕ со став дека народот кажал стоп за Договорот со Грција и тоа треба да се почитува...

За неколку дена ќе се знае дали има амбиент во Собранието за да се обезбеди двотретинско мнозинство за да се изгласаат уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција. Ова го изјави премиерот Зоран Заев. Најави, оти ако не се постигне договор, ќе се оди на предвремени парламентарни избори во ноември, за да се обезбеди потребното мнозинство и да продолжи процесот.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека народот кажал „СТОП“ за договорот со Грција. Според партијата, оваа одлука треба да се почитува од сите, од премиерот, Владата, Собранието, од сите партии и пратеници.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по референдумот рече дека нема потреба од нови избори и оти Собранието треба да ја донесе важната одлука за договорот со Грција.
Евентуалните избори според најавите на премиерот би се оддржале на 25-ти ноември.
Анита Димитријевска
