Не беа ли доста 51-те милијарда за Сочи!
Кога веќе се потроши такава вртоглава сума на пари (51 милијарда долари), што е страшно или многу, да се даде и на тие што на крајот ја направиа горда својата нација и претседател, Рускиот олимписки спортски тим.
Со најмногу од сите, 33 медали од кои 13 злата ја украсија моќната федерација, а таа, соодветно или премногу, проценката е ваша, се одолжи.
Имено, секој освојувач на најсјајно одличје си доби 120 000 долари, плус автомобил Мерцедес GL SUV. Истата добивка отиде и кај 15- годишната лизгачка Јулиа Липнискаја (златната од екипниот дел) но таа доби во пакет и личен возач, бидејќи со годините сеуште не и следува возачка дозвола. Сребрените прокнижија по 76 000 зелени банкноти и истата марка автомобил, но овие ML, додека бронзените се офајдија со 52 илјадарчиња, убавецот автомобил класа, GLK.
Или се на се, беа дистрибуирани 45 автомобили до крајните среќни корисници. Наградата е обезбедена од Олимписката фондација основана 2005-тата од Руските бизнисмени.
Инаку, 2012-тата не останаа покуси ниту освојувачите на медали од летните игри во Лондон кои добија автомобили марка Ауди и секој личен возач.
Мала компарација за сликата да стане “појасна”. Освојувачите на медали за Америка, добиваат: златните 25 000 долари, сребрените 15 000, бронзените 10 000 долари. Казахстан одвои сума од 250 000 долари за оној кој ќе ја направи најсреќна оваа земја со злато. Но како и 20 години порано и оваа остана без такво задоволство.
Не дека сите земји се така фино дарежливи кон своите олипиони. На пример, швајцарецот Дарио Кологона на чии гради блена најпоскуваното одличје во крос-кантри, доби од својот град оригинална награда-подарок, свиња! Дарио на подарокот од својте сограѓани му даде исто толку оригинално име, Сочи.
