Метео: Сончево време со мала до умерена облачност
01.10.2018 15:48
Во наредните денови температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината...

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во западните планински предели можна е појава на услови за краткотраен слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје се очекува температура од 25, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
