Референдум

„МОСТ“: Гласањето помина во мирна атмосфера, со помали технички проблеми и нерегуларности

01.10.2018 16:26

Граѓаните јасно ја изразија својата волја, гласањето помина во мирна атмосфера- ова е прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација „МОСТ“. Нивните набљудувачи забележале помали технички проблеми и нерегуларности. Институциите соодветно реагирале, велат од „МОСТ“...

Гласањето на референдумот помина во мирна атмосфера, со понизок одзив од вообичаеното, помали технички проблеми и нерегуларности на кои институциите соодветно реагираа- оцени „МОСТ“. Сите гласачки места на кои имаа набљудувачи, беа отворени навреме и никој од нив не пријавил поголеми проблеми.

Во извештаите на граѓанската асоцијација, нотирано е дека на некои изборни места делен е пропаганден материјал, а имало случаи и на семејно гласање. Забележано било и непроверување на палецот со УВ ламба и необележување со мастило.

МОСТ ги осуди инциндените во Австралија, каде беа сликани и етикетирани одредени лица. Во врска со случаите на граѓани кои се жалеа дека ги нема на списоците за гласање, МОСТ апелираше до надлежните да ги отстранат проблемите околу неажурирањето на Избирачкиот список, со цел тој да не биде и понатака предмет на недоверба.

Изборната администрација одговори на задачата- оценуваат тие.

 

Марина Стојанова- Тонева