Земјоделство

Наскоро ИПАРД 2 оглас

02.10.2018 10:36

Во првата половина од ноември се очекува да биде објавен вториот ИПАРД 2 оглас. Мерките се однесуваат на инвестиции во земјоделски стопанства и во преработувачки капацитети. Помош за изготвување на апликациите земјоделците можат да добијат во центрите на агенцијата за развојот во земјоделството.

Наскоро се очекува да биде објавен вториот ИПАРД оглас, а земјоделците и преработувачите кои ќе аплицираат можат да добијат гранд од најмалку половина од трошоците за инвестицијата.       

Стапката на кофинансирање може да се зголеми и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности.Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да склучат договор со платежната агенција.

Преку Ипард 2 фармерите ќе може да набават земјоделска механизација, опрема, да изградат нови или да ги осовременат постојните стопанства.

Преработувачите ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи и да градат објекти, според ЕУ стандардите.

ИПАРД 2 Програмата има на располагање околу 60 милиони евра на кои се додаваат и дополнителни средства од македонскиот буџет.

Од првиот оглас досега се  склучени 920 договори во вредност од 15,8 милиони евра, од кои 12 милиони евра се европски средства.

Методија Трајков