Гутереш: Политичарите да продолжат со спроведувањето на Преспанскиот договор

02.10.2018 10:52

Според генералниот секретар на ОН, огромно мнозинство гласало за поддршка на договорот...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика македонските политичари да продолжат со спроведувањето на Преспанскиот договор. Според него, огромно мнозинство гласало за поддршка на договорот.

Во соопштението објавено од прес-службата на ОН, Гутереш ги повикува сите политички сили во Македонија да продолжат со спроведување на договорот со Грција во институциите на државата.